Евреите 5:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. За време на Својот живот на Земјата Исус ги изнесуваше Своите молитви и молби низ гласен плач и низ солзи, упатени до Бог, Кој можеше да Го спаси од смрт. Молитвите Му беа услишани, заради почитта што Тој ја искажуваше спрема Бог.

8. Иако Исус беше Божји Син, сепак, преку лични страдања мораше да дознае што значи да се биде послушен.

9. На тој начин Исус стана совршен Првосвештеник и извор на вечно спасение за сите што Нему Му се послушни.

10. Затоа Бог Го одреди за Првосвештеник од редот на Мелхиседек.

Евреите 5