Евреите 11:37-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

37. Некои беа до смрт каменувани или со пили пресекувани или со меч погубувани. Некои од нив имаа само кожувчиња од овча или јарешка кожа и беа принудени да живеат како да се скитници. Беа сиромашни, измачени и малтретирани.

38. Светот не ги заслужуваше овие добри луѓе, кои беа принудени да живеат во пустини, во шуми, во пештери и во јами.

39. Сите овие луѓе, благодарение на верата во Бога што ја имаа, станаа пример за пофалба; па сепак, не доживеаја да го примат она што им беше ветено.

40. Се заради тоа што Бог чуваше нешто подобро за нас и не сакаше тие да стигнат на целта без нас.

Евреите 11