Дела Ап. 5:15-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостол Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели.

16. Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.

17. Тогаш Првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист,

18. па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.

19. Но уште истата вечер ангел Господов ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им:

Дела Ап. 5