Дела Ап. 27:34-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

34. Ве молам, каснете нешто. Тоа ќе ви помогне да се спасите. На никого од вас ниту влакно од главата нема да му недостасува.“

35. Кога им го рече ова, самиот зеде леб, Му заблагодари на Бог пред сите, и почна да крши од лебот и да јаде.

36. Тогаш сите луѓе се охрабрија и почнаа да јадат.

37. На бродот имаше двесте седумдесет и шест души.

38. Откако се најадоа, го исфрлија житото в море, за да го олеснат бродот.

Дела Ап. 27