Дела Ап. 17:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Неколку христијани го спроведоа Павле до Атина. Потоа Павле им рече да се вратат и да им пренесат на Сила и Тимотеј што е можно побрзо да дојдат и тие.

16. Додека Павле ги чекаше во Атина, духот му се потресе гледајќи го градот полн со идоли.

17. Секој ден во синагогата разговараше со Евреите и со побожните луѓе од другите народи што доаѓаа таму. Одеше и на пазарот и им проповедаше на луѓето што ги среќаваше таму.

Дела Ап. 17