Дела Ап. 12:21-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. На договорениот ден, Ирод се облече во царска облека, седна на престолот, и му одржа говор на насобраниот народ.

22. Народот одушевено викаше: „Ова е глас на бог, а не на човек!“

23. Во истиот миг ангел Господов го удри со болест, зашто не Му оддаде слава на Бог. Во неговото тело се развија црви од што тој набргу умре.

24. А Божјата порака се пошироко се проповедаше и бројот на христијаните растеше.

25. Откако ја завршија мисијата во Ерусалим, Барнаба и Савле се вратија во Антиохија. Со себе го зедоа Јована, со прекар Марко.

Дела Ап. 12