Дела Ап. 11:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Во меѓувреме, христијаните што се беа распрснале поради прогонствата што настапија по убиството на Стефан, и беа стигнале до Феникија, Кипар и Антиохија, не им ја проповедаа Радосната вест на другите народи, туку само на Евреите.

20. Имаше само неколкумина од Кипар и Кирена, кои, откако стигнаа во Антиохија, им проповедаа и на Грците дека Исус е Господ.

21. Силата Господова беше со нив и голем број поверуваа и се обратија кон Господ.

22. Кога за ова слушнаа луѓето од ерусалимската црква, го испратија Барнаба во Антиохија.

23. Тој дојде и, восхитен од Божјата благонаклоност, се радуваше и ги охрабруваше сите да Му останат верни и посветени на Господ.

Дела Ап. 11