3 Јован 1:11-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Драги пријателе, немој да земаш пример од оние што прават зло! Земи ги за пример оние што прават добро! Оној што прави добро е Божјо чедо, а оној што прави зло покажува дека не Го познава Бога.

12. За Димитри сите зборуваат добро. Тоа се потврдува со вистинската порака што тој ја проповеда. И ние имаме добро мислење за него, а ти знаеш дека ние сме искрени.

13. Сакам уште многу нешта да ти кажам, но не сакам вака со перо и мастило.

14. Се надевам дека наскоро ќе те видам и лице в лице ќе си поразговараме.

3 Јован 1