2 Петар 3:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Драги мои, една работа да не заборавате: за Господ еден ден е како илјада години и илјада години се како еден ден.

9. Господ не одолжува со исполнувањето на Своето ветување, како што некои мислат. Тој само е трпелив, зашто не сака никој да заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси.

10. Денот кога Господ ќе се врати ќе ве изненади како крадец. Небесата ненадејно ќе исчезнат со силна бучава. Елементарните состојки во оган ќе се распаднат, а Земјата и сите остварувања на неа, ќе исчезнат.

11. Кога знаете дека сето ова ќе пропадне, како треба да се однесувате? Треба да водите свет живот, посветен на Бог,

2 Петар 3