2 Коринтјаните 2:5-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Не претерувам ако речам дека човекот што ја направи целава оваа невола повеќе ве нажали сите вас, отколку мене.

6. Но повеќето од вас се усогласивте по ова прашање и казната што му ја изрековте е доволна.

7. Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне.

8. Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека се уште го сакате!

9. Ви го пишувам ова бидејќи сакам да ве проверам и да видам дали сте подготвени да се придржувате до сите мои упатства.

10. А на тој на кого вие ќе му простите, му простувам и јас. А тоа што јас веќе сум простил, ако воопшто сум имал нешто за простување, тоа е за ваша полза пред Христос.

11. Ако не постапуваме така, Сатаната ќе не надмудри, а знаеме какви се неговите намери!

2 Коринтјаните 2