2. Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена.
3. Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат.
4. Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.
5. Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.
6. Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш.
7. Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен.