1 Тимотеј 2:7-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Бог ме одбра да бидам проповедник и апостол на таа Радосна вест. Јас не лажам. Она што ви го зборувам е вистина. Бог ме испрати кај оние што не се Евреи, да ги учам за верата и вистината.

8. Затоа, каде и да се собирате, од мажите барам да креваат чисти раце кон небото и да се молат ослободени од лутина и препирки.

9. Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.

10. Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.

11. Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.

1 Тимотеј 2