1 Коринтјаните 7:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. На неженетите и на оние чиј брачен другар починал, им препорачувам: да останат самостојни, како што сум и јас.

9. Но, ако не можат да издржат, нека стапат во брак, зашто подобро е да се во брак, отколку страста постојано да гори во нив.

10. На оние што се во брак им заповедам да не се разведуваат. Тоа не е заповед од мене, туку од Господ. Жената нека не се разведува од својот сопруг.

11. Ако сепак се разведе, да не стапува во нов брак, или нека му се врати на својот маж. Истото важи и за мажите: да не се разведуваат од своите сопруги.

1 Коринтјаните 7