1 Коринтјаните 15:42-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

42. Слично ќе биде и со воскресението на мртвите. Се закопува распадливо тело, а ќе воскресне бесмртно тело.

43. Се погребува истоштено, грдо, слабо тело, а ќе воскресне славно и силно тело.

44. Се погребува материјално тело, а ќе воскресне духовно тело. Како што постои материјално тело, така постои и духовно тело.

1 Коринтјаните 15