14. Зашто, ако се молам на јазик што не го разбирам, мојот дух се моли, но мојот разум нема никаква полза од тоа.
15. Значи, што треба да правам? Да се молам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум! Да пеам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум.
16. Во спротивно, ако се молите само во својот дух, како може оној што не ве разбира да каже „Амин“ на вашите искажани благодарности, кога не разбира што сте рекле?
17. Вие можеби сте Му се заблагодариле на Бог на прекрасен начин, но во тоа нема поука за другите.