1 Коринтјаните 12:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело.

13. Нас не има Евреи и припадници на други народи, некои од нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас не крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот Дух.

14. Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе органи.

15. Ако ногата рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум рака!“ Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се смета за дел од телото?

1 Коринтјаните 12