1 Коринтјаните 10:28-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Но ако некој ве предупреди и ви рече: „Таа храна е од приноси на идоли“, тогаш немојте да јадете, заради совеста на тој што ви го рекол тоа.

29. Значи, не заради вашата совест, туку заради совеста на тој што ве предупредил. Можеби некој ќе рече: „Зошто мојата слобода да биде ограничена од тоа што им ја обременува совеста на други луѓе!?

30. Ако јас Му се заблагодарувам на Бог за она што го јадам, зошто некој да ме напаѓа поради тоа што го јадам!?“

31. Но дури и јадењето, пиењето, па и секоја наша постапка треба да биде за Божја слава.

32. Затоа, немојте да ги соблазнувате ни Евреите, ни другите народи, ни оние што и припаѓаат на Божјата Црква.

1 Коринтјаните 10