Втзакон. (5 Moj.) 23:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Кога ќе тргнеш со логорот против своите непријатели, чувај се од секакво зло.”

10. „Ако некој меѓу твоите стана нечист заради ноќното излевање, нека излезе од логорот и нека не се враќа во него.

11. А приквечер нека се искапе во вода, па по зајдисонце може пак во логорот.

12. Имај место надвор од живеалиштето каде ќе одиш понадвор.

13. Со својата спрема носи и лопатче; со него, кога ќе одиш понадвор, ќе ископаш дупка и после ќе ја покриеш својата нечистота.

Втзакон. (5 Moj.) 23