Втзакон. (5 Moj.) 23:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Нека не биде примен во Господовото собрание скопениот или кому му е пресечен половиот член.

2. Ни вонбрачно родениот нека не биде примен во Господовото собрание; нека не бидат примани ни неговите во Господовото собрание ни до десеттото колено.

3. Во Господовото собрание нека не влегува ни Амонец ни Моавец; никој од нивните, па ни во десеттото поколение, не смее никогаш да влегува во Господовото собрание.

4. А сè заради тоа што не излегоа пред вас со леб и вода кога бевте на пат, откако излеговте од Египет; и затоа што за пари го најмија Веоровиот син, Валаам од Фегор во Арам Нахараим, за да те проколне.

Втзакон. (5 Moj.) 23