Втзакон. (5 Moj.) 14:22-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. „Одвојувај десеток од приходот секоја година сè што ќе роди твоето посеано поле.

23. А тогаш јади го десетокот од своето жито, од своето вино, од своето масло и од првината на својот крупен и ситен добиток во присуство на Господа, својот Бог, на местото што Тој ќе го избере за да го настани таму Своето Име; за да се научиш така да се боиш секогаш од Господа, твојот Бог.

24. Ако ти биде патот предолг, па не можеш да го донесеш десетокот - зашто е премногу далеку од тебе местото што Господ го избра за да го настани во него Своето Име - тогаш, кога Господ, твојот Бог, ќе те благослови,

25. продај го тоа за сребреници, земи ги сребрениците во раката и оди во местото што го избра Господ, твојот Бог.

26. Тогаш купи за сребрениците што сакаш: говедо, ситно животинче, вино или опоен пијалак - што ќе ти посака душата. Таму во присуство на Господа, својот Бог, јади и весели се ти и твоите домашни.

27. Не го заборавај левитот, кој ќе биде во твоите градови, зашто тој нема дел ни наследство со тебе.

Втзакон. (5 Moj.) 14