Михеј 6:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Чујте сега што зборува Господ: „Стани! Суди се пред горите, и бреговите нека го чујат твојот глас!

2. Гори слушајте ја Господовата пресуда, основи на земјата, чујте, зашто Господ се суди со Својот народ, Тој се суди со Израел:

3. Народе Мој, што ти сторив? Со што те изморив? Одговорете против Мене,

4. Јас те изведов тебе од Египетската Земја, те избавив од куќата на ропството; го испратив пред тебе Мојсеја, Арона и Маријам.

Михеј 6