Матеј 8:23-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. И кога влезе во коработ, Неговите ученици Го следеа.

24. И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше.

25. И Му пристапија учениците и Го разбудија, велејќи: „Господи, спаси нè! Загинуваме!”

26. И им рече: „Зошто се боите, маловерни?” Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина.

27. А луѓето се зачудија и рекоа: „Каков е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат!?”

Матеј 8