5. Лицемере, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш јасно, како да ја извадиш раската од окото на брата си.”
6. ”Не давајте им го она што е свето на кучињата; ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и да се завртат и да ве раскинат.”
7. ”Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
8. Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.
9. Или, кој е тој човек меѓу вас, кој на својот син ако му побара леб, ќе му даде камен?
10. Или, ако му побара риба, ќе му даде ли змија?
11. И така, ако вие, кои сте зли, знаете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе вашиот Татко, Кој е во небесата, ќе им даде добра на оние, кои Го молат?”
12. ”И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.”
13. ”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.
14. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”
15. ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци.
16. Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?
17. Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови.