Матеј 6:31-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’

32. Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.

33. Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.

34. И така, не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.”

Матеј 6