Матеј 12:22-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Тогаш доведоа при Него еден опседнат од демон, кој беше слеп и нем; и го исцели, така што слепонемиот проговори и прогледа.

23. И сите мноштва се восхитуваа и зборуваа: „Не е ли Овој Синот Давидов?”

24. А фарисеите, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој ги изгонува демоните само преку Велзевул, владетелот на демоните.”

Матеј 12