Марко 7:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. А вие велите: ‘Ако некој рече на татка си или на мајка си: Она што можам да ти помогнам е ветено, односно жртвен дар,’

12. не го оставате веќе да направи што и да е за својот татко и за својата мајка.

13. И така го укинувате Божјото слово со своето предание, што вие го воспоставивте, и правите многу други работи слични на ова.”

14. Тогаш повторно го повика народот при Себе и му рече: „Слушајте ме сите и разберете!

Марко 7