30. И апостолите се собраа при Исуса и Го известија за сè што направиле и што поучувале.
31. И им рече: „Дојдете вие сами, на пусто место и починете си малку!” Зашто, мнозина доаѓаа и си заминуваа, и немаа време ни да јадат.
32. И отидоа со кораб на пусто место насамо.
33. Но ги видоа кога заминуваа и мнозина Го познаа и се запатија пеш, од сите градови, и стигнаа пред нив.