Марко 3:29-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. но кој похули на Светиот Дух, нема прошка довека,

30. туку го обвинува вечен грев. Зашто рекоа: „Има нечист дух!”

31. И тогаш дојдоа: Неговата мајка и Неговите браќа и, стоејќи надвор, испратија при Него да Го повикаат.

32. А околу Него седеше народ и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа надвор Те бараат!”

33. И во одговор им рече: „Кои се мајка Ми и браќа Ми?”

Марко 3