Марко 14:37-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. И дојде и ги најде како спијат; и му рече на Петра: „Симоне, спиеш ли! Не можеше ли да бидеш буден еден час!

38. Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо.”

39. И пак отиде и се помоли, изговарајќи ја истата молитва.

40. Кога се врати, пак ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале и не знаеја што да му одговорат.

Марко 14