Марко 14:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Човечкиот Син си оди, како што е напишано за Него; но горко му на тој човек, преку кого Човечкиот Син ќе биде предаден. Подобро би му било на тој човек, да не се родил.”

22. И кога јадеа, зеде леб, благослови, го раскрши, им раздаде и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”

23. И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа.

24. И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина.

Марко 14