Марко 10:21-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. А Исус го погледна, го возљуби и му рече: „Едно не ти достига: оди, продај сè што имаш, и дај им на сиромасите и ќе имаш сокровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи Ме!”

22. А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти.

23. И Исус погледна наоколу и им рече на Своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите во Божјото Царство!”

Марко 10