Марко 1:36-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. А Симон и оние, кои беа со него, поитаа по Него,

37. и кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!”

38. И им одговори: „Да одиме: во соседните села, да проповедам и таму, зашто затоа и излегов.”

39. И дојде, проповедајќи - во нивните синагоги по цела Галилеја - и изгонувајќи ги бесовите.

40. И дојде при Него еден лепрозен, молејќи Го и коленичејќи, Му зборуваше: „ Ако сакаш, можеш да ме очистиш.”

41. И му се смили, ја протегна раката и го допре и му рече: „Сакам! Биди чист!”

Марко 1