Левит (3 Moj.) 9:22-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. А Арон ги подигна своите раце кон народот и го благослови. Откако ги принесе: жртвата за грев, паленицата и помирителната жртва, слезе.

23. Потоа Мојсеј и Арон влегоа во Шаторот на средбата. Кога излегоа го благословија народот. Господовата слава му се покажа на целиот народ.

24. Оган излезе од пред Господа и ги изгоре паленицата и лојта. Целиот народ го виде тоа, воскликна од радост и падна на своето лице.

Левит (3 Moj.) 9