Левит (3 Moj.) 6:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Така нека го зготви свештеникот, кој - од неговите синови - ќе биде помазан за да го наследи. Тоа е вечен закон. Тоа нека се изгорува цело за Господа!

23. Секој свештенички лебен принос треба да биде изгорен сосем; од него да не се јаде.”

24. Господ му рече уште на Мојсеја:

25. „Кажи им на Арона и на неговите синови: ‘Ова е закон за принос за грев: жртвата за грев нека биде заклана пред Господа на местото каде се коле жртва паленица - најсвета е!

26. Свештеникот кој ја принесува жртвата за грев нека јаде од неа; таа нека биде јадена на свето место, во дворот на Шаторот на средбата.

Левит (3 Moj.) 6