8. И нека биде осветен, зашто тој го принесува лебот на твојот Бог; нека ти биде свет, зашто Сум свет Јас, Господ, Кој ве осветува вас.
9. Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган.’
10. ‘А велесвештеникот од своите браќа, на чија глава е излеано масло за помазание и кој е осветен да носи света облека, нека не оди со откриена глава, ниту да ја раскинува својата облека.
11. Нека не влегува ниту при еден мртовец; не смее да се онечистува, ниту за татка си, ниту за мајка си.