Левит (3 Moj.) 15:20-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. На што и да легне, за време на својата нечистота, нека е нечисто; на што и да седне, нека е нечисто.

21. Кој ќе ја допре нејзината постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

22. Кој ќе допре било каков предмет на кој што седела таа, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

23. А ако се допре до нешто што било на нејзината постела или на предметот на кој што седела таа, нека е нечист до вечерта.

24. Ако некој маж преспие со неа, нејзината нечистота се прилепува до него, и нека биде нечист седум дена. Секоја постела на која ќе легне тој, нека е нечиста.’

Левит (3 Moj.) 15