Левит (3 Moj.) 14:38-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. свештеникот нека излезе од домот низ куќната врата и нека ја затвори куќата за седум дена.

39. На седмиот ден свештеникот нека дојде повторно и нека ја прегледа; ако заразата се проширила по ѕидовите на куќата,

40. свештеникот нека нареди да се извадат заразените камења и да бидат исфрлени на некое нечисто место надвор од градот.

41. Потоа нека заповеда да се истружат сите внатрешни ѕидови на куќата и иструганиот прав да биде фрлен на некое нечисто место надвор од градот.

42. Па нека земат други камења и нека ги вметнат место оние камења. И нека земат друга вар и нека ја варосаат куќата повторно.”

Левит (3 Moj.) 14