Левит (3 Moj.) 13:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. тоа е длабоко вкоренета лепра по кожата на неговото тело. Свештеникот нека го прогласи за нечист и нека го затвори, зашто тој е нечист.

12. Ако лепрата се опсипе по кожата така што ја покрива целата кожа на болниот од главата до нозете - сè што можат да видат свештениковите очи,

13. и свештеникот согледа дека лепрата го покрила целото негово тело, нека го прогласи болниот за чист; зашто сè се претворило во бело; тој е чист.

14. Но во денот кога ќе се појави чир на него, ќе биде нечист.

Левит (3 Moj.) 13