Јован 7:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Тоа им го рече и остана во Галилеја.

10. А кога Неговите браќа отидоа на празникот, тогаш отиде и Самиот, не јавно, туку тајно.

11. Но Јудејците Го бараа на празникот и зборуваа: „Каде е Оној?”

12. И многу се зборуваше за Него во народот; едни зборуваа: „Добар е!” а други велеа: „Не, туку го заблудува народот.”

13. Меѓутоа, никој не зборуваше слободно за Него, заради стравот од Јудејците.

14. А кога празникот веќе се преполови, Исус отиде во Храмот и поучуваше.

15. Затоа Јудејците се чудеа и велеа: „Како ги познава Овој Писмата - кога не учел?”

Јован 7