Јован 19:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Тогаш им го предаде за да биде распнат. Тогаш Го зедоа Исуса.

17. А Тој, носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота;

18. каде Го распнаа, и со Него други двајца, од едната и од другата страна, а Исуса во средина.

19. А Пилат напиша и натпис и го стави на крстот; а беше напишано: „Исус Назареец, Јудејски Цар.”

Јован 19