Јован 18:32-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. - за да се исполни Исусовиот збор, со кого навести со каква смрт ќе умре.

33. Потоа Пилат се врати во преторијата, Го повика Исуса и Му рече: „Ти ли си Јудејскиот Цар?”

34. Исус одговори: „Го зборуваш ли тоа сам од себе, или други ти кажаа за Мене?”

35. Пилат одговори: „Јудеец ли сум јас? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си сторил?”

36. Исус одговори: „Моето Царство не е од светов; ако Моето Царство беше од овој свет, Моите воини би се бореле да не им бидам предаден на Јудејците; но Моето Царство не е оттука.”

Јован 18