Јован 16:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Така и вие сега сте нажалени; но пак ќе ве видам, па ќе се зарадува вашето срце, и таа ваша радост никој не ќе може да ви ја одземе.

23. Во оној ден нема да Ме прашате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да молите од Мојот Татко, во Мое име, ќе ви даде.

24. Досега ништо не баравте во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде вашата радост полна.”

25. Ова ви го зборував во слики; доаѓа час кога нема да ви зборувам веќе во слики, туку ќе ви зборувам отворено за Таткото.

Јован 16