Јован 10:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Други велеа: „Тоа не се зборови на опфатен од демон. Може ли демон да отвора очи на слепци?”

22. Тогаш во Ерусалим се празнуваше Посветување; беше зима.

23. А Исус одеше по Соломоновиот трем на Храмот.

24. Тогаш Јудејците Го опкружија и Му рекоа: „До кога ќе ни ја измачуваш душата? Ако си Ти Христос, кажи ни слободно!”

Јован 10