Јован 1:33-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.”

34. И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”

35. Идниот ден, Јован стоеше пак и двајца од неговите ученици,

36. и штом Го виде Исуса да поминува, рече: „Еве Го Божјото Јагне!”

37. Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика тргнаа по Исуса.

38. Исус се заврти и, кога виде дека идат по Него, ги праша: „Што барате?” Тие Му одговорија: „Рави (што значи учител) каде живееш?”

Јован 1