Јаков 3:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Така и јазикот е мал член, но се фали со големи работи. Ете, како мал оган запалува голема шума!

6. И јазикот е оган, свет на неправда; јазикот се наоѓа меѓу нашите членови: го онечистува целото тело и, потпален од пеколот, го запалува текот на нашиот живот.

7. Зашто, секаков вид ѕверови и птици, лазачи и морски животни, се скротуваат и се скротени од човечкиот род,

8. но никој од луѓето не може да го скроти јазикот, немирно зло, полн со смртоносен отров.

Јаков 3