Јаков 2:23-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. И така се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се засмета за правда, и се нарече Божји пријател.”

24. Гледате дека човекот се оправдува преку дела, а не само преку вера.

25. Исто така и блудницата Раав не се оправда ли преку дела, кога ги прими согледувачите и кога ги испрати по друг пат?

26. Имено, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.

Јаков 2