Јаков 2:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Така зборувајте и така постапувајте како луѓе, кои ќе бидат судени по законот на слободата.

13. Зашто судот нема милост кон оној, кој не покажувал милост. Милоста слави победа над судот.

14. Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли верата да го спаси?

15. Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна,

16. па некој од вас им рече: „Одете си во мир, стоплете се и наситете се!” а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата?

17. Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.

Јаков 2