Јаков 1:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.” Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува.

14. Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами.

15. Потоа похотта зачнува и раѓа грев, а направениот грев раѓа смрт.

16. Не заблудувајте се, возљубени браќа мои.

17. Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени, ниту сенка од промена.

Јаков 1