7. Меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот смести го мијалникот и тури вода во него.
8. Наоколу направи двор и обеси завеса над дворниот влез.
9. Потоа земи миро за помазание и помажи ги Шаторот и сè што е во него; посвети го и сиот негов прибор, и ќе станат свети.
10. Потоа намачкај го жртвеникот за жртви паленици, и жртвеникот ќе стане пресвет.
11. Помажи го мијалникот со неговата потпирка: посвети го!
12. Потоа доведи ги Арона и неговите синови при влезот на Шаторот на средбата и измиј ги со вода.
13. Тогаш облечи го Арона во посветената облека, помажи го и посвети го за да Ми служи како свештеник.
14. Доведи ги и неговите синови, облечи ги во кошулите
15. и помажи ги, како што го помаза и нивниот татко, за да Ми служат како свештеници. Нивното помазание нека ги воведе во вечно свештенство, во сите нивни поколенија.”