Излез (2 Moj.) 25:32-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Шест гранки нека му излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот.

33. На едната гранка нека бидат три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет. Така за сите шест гранки што излегуваат од стеблото на светилникот.

34. На самиот светилник нека бидат четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет.

Излез (2 Moj.) 25